Во Македонија веќе се продаваат ГМО семиња? Фирмата ги рекламира на својот сајт (Фото)


И во Македонија веќе се продаваат семиња за ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ производи. Во нашата земја егзистира фирма која е застапник за фирма чии сопственик е Монсанто најголемиот ГМО приизводител – на сајтот на македонската фирма нудат семиња кои ги нарекуваат ,,семенски хибриди,, и им ги продава на македонските земјоделци.
Главните канцеларии на компанијата се наоѓаат во Бергеншоек. Нови сорти се развиваат после интензивни тестирање и потоа дистрибуирани преку мрежата на дистрибуција до купувачите. Различни оддели се блиско поврзани со развојот, тестирањето, производството и дистрибуцијата на понудата на сорти и хибридно семе, се вели во описот на она што го нудат на својот сајт.
geotermika

gmo1

Канцелариите на Де Руитер Сеедс во Холандија содржат лабараторија за истражување и централен магацински центар. Производите се развиваат во т.н. Бридинг центри во Холандија, Шпанија и Франција за многу различни климатски услови и услови на одгледување.
Новите сорти екстензивно се тестираат во подрачја, каде евентуално ќе се продаваат, пред да бидат официјално претставени на пазарот.
Се вели на нивниот Веб сајт каде и гордо стои логото на МОНСАНТО компанијата која е виновна за преплавување на светот со ГМО производи за кои се повеќе научници велат дека се поврзува со повеќе заболувања меѓу кои и ракот. Дали овие семиња кои нашите земјоделци посебно струмичките веќе ги садат се ГМО или не?
Тие на својот сајт за доматот МАГНУС Ф-1( MAGNUS F-1)  на пример пишуваат дека е –

Отпорен на
-Вирусот на мозаикот на тутунот,
-Кладоспориум,
-Фузариум-жолто венење,
-Вертицилиум-зелено венење,
-Нематода и
-Високо толерантен на повенување на коренот на доматот и Пламеница.

Можеби европскиот Монсанто направил исклучок па семињата кои не заболуваат од паразити, специјално за Македонија не се ГМО туку се со некое чудо добиени само со вкрстување на различни видови домати или краставици, па магично не заболуваат?????
geotermika1
Фирмата во Македонија преку својот сајт   http://www.geotermika.mk/_proizvodi/semenski_hibridi.html нуди

Геотермика на македонскиот пазар ги нуди следниве семенски хибриди на ДРС на официјална сортна листа:

  •  ХИБРИДИ НА ДОМАТ
  •  ХИБРИДИ НА КРАСТАВИЦА
  •  ХИБРИДИ НА ПИПЕРКА
  •  ПОДЛОГА ЗА КАЛЕМЕЊЕ
  •  ХИБРИДИ НА ДИЊА
  •  ХИБРИДИ НА ЛУБЕНИЦА

MkNews.Mk

Остави коментар