За поголем профит: Корпорациите ги тестираат ГМО бананите на студенти


Во САД на универзитетот во Ајова почнуваат тестирањата на новите генетски модифицирани банани со вештачки нивоа на бета каротен на луѓето. ГМО бананите не се првиот глобален проект кој се нуди како решение за недостигот на витамин А ширум светот.

Претходникот на ГМО бананите беше неславниот проект „златен ориз“ збогатени со провитамин  А, кој досега паднал на сите тестови.

banani4Овие тестови на луѓето се спроведуваат без претходни експериментирања на животните, па не се знае какви последици може да имаат врз здравјето.

„The Des Moines Register“ известил дека за првите тестирања ќе бидат избрани 12 студентки од вкупно 500 студенти кои се одзвале на повикот да волонтираат.

Тие ќе консумираат ГМО банани четири дена, во текот на три одвоени периоди на студирањето.

Како компензација за учествување во истражувањето, чиј резултат е целосно непознат, ќе добијат 900 долари.
Овој проект е наменет за одгледување и употреба на бананите во сиромашните африкански земји каде има голем недостиг на витамин А.

ГМО бананите како продукт се отпорни на бактерски заболувања, црви и некои паразити што ја нааѓаат храната. Компаниите ќе имаат сигурно производство од класичните банани, а со самото тоа и поголем профит.

До 2020 година „супербананите“ треба да се одгледуваат во Уганда, а ако проектот добие зелено светло, одгледувањето ќе се прошири и во руанда, Кенија и Танзанија.

Противниците на истражувањата предупредуваат дека ГМО бананата досега не била третирана наниту едно живо суштество, камоли на луѓето.. Тие потенцираат дека вишокот на вештачкиот витамин А може да има опасно и токсично делување.

Остави коментар