За прв пат – ГМО семињата не се купуваат – “Монсанто“ бележи загуби


Најголемиот светски производител на генетски модифицирана храна “Monsanto“, во четвртиот фискален квартал бележи поголема загуба, од очекуваната. Слабата продажба на генетски модифицираните семиња е главната причина за ваквите лоши резултати неваудваат од компанијата.

MonsantoЗагубата на компанијата во четвртиот квартал, кој заврши на 31 август, изнесува 249 милиони долари или 47 центи по акција, што е над загубата од 229 милиони долари или 42 центи по акција, од четвртиот квартал минатата година, пренесува агенцијата АП.

Приходите на „Monsanto“ пораснаа за пет проценти, на 2,2 милијарди долари, од минатогодишните 2,1 милијарди долари.

На зголемувањето на загубата влијаеше и падот на продажбата на генетски модифицирани семиња од соја за 38 проценти, на 87 милиони долари. Тој пад, сепак, е нутрализиран со растот на продажбата на најновите производи на компанијата, како што е генетски модифицираното семе од пченка, чија продажба се зголеми за 5,1 проценти, на 618 милиони долари.

Остави коментар